Прескокнете содржина

За нас

Во текот на 25 години постоење, ЛИАЛ се развивал во повеќе аспекти, но повеќе кон аспектот на приближување на компанијата со потрошувачите, исполнување на нивните потреби како и оставање простор да потрошувачите ја осетат позитивната и топла атмосфера во компанијата. 

Како компанија ориентирана кон потрошувачите, ние се обидуваме да ги интегрираме трите најважни елементи за една современа компанија како што се, искуство, професионалност и  искреност, директно кон нашата единствена цел, која е исполнување на желбите на потрошувачите. 

Како компанија која се занимава со продажба на големо и мало, ние во ЛИАЛ се обидуваме да одржуваме баланс помеѓу двете групи на потрошувачи и да ја  цениме нивната доверба кон нас. Во текот на годините сме ја прошириле нашата соработка, и сега се подготвуваме за учество во глобалната трговија. Бројот на артикли што ние ги нудиме на пазарот е во пораст како и стандардите на нашите производи познати низ целиот свет. Имајќи ги Апаратите за Домаќинство како главна дејност, ние сега го прошируваме нашиот асортиман на артикли и нудиме артикли како велосипеди, играчки и помагала за деца, како и широк спектар на помагала за домаќинство кој што наоѓаат употреба во нашите домови. 

Еден многу важен елемент кој што вреди да се потенцира е гарантниот период што се нуди за секој апарат. Иако увезуваме роба со високи стандарди за квалитет, ние мислиме дека вработувањето на квалифицирани текничари и снабдувањето на компанијата со резервни делови за секој производ ќе ни овозможи да бидеме подготвени да реагираме на секоје ваше барање, како што е брзо и ефикасно сервисирање на апаратите и после гарантиот рок. 

Ние би направиле секогаш се без да ја земаме во предвид цената, само за да го одржиме нашиот рејтинг во светот на бизнисот. Ние сме сигурни дека услужувајќи ве вас, ние ќе ги запечатиме сите наши успеси.

 

Мисија

Нашата мисија е да обезбедиме висококвалитетни основни производи за домаќинството за да го подобриме животот на луѓето преку една одговорна и одржлива бизнис агенда.

Визија

Нашата визија е да прераснеме во регионална влијателна корпорација за да го промениме начинот на кој се нудат, испорачуваат, се користат, искусуваат и се отстрануваат основните производи за домаќинството, во ера на голема технолошка револуција и ширење на интернетот на нештата (IoT).